ТРАМП ПОЧНА СО ДЕМОНТАЖАТА: Потпиша извршна наредба со кој САД го напушта трговскиот договор ТПП!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со еден удар од пенкалото, Претседателот на САД Доналд Трамп го елиминираше учеството на САД во Транс-Пацифичкиот трговски договор, повлекувајќи ја земјата од контроверзниот договор за слободна трговија. Без присуството на Вашингтон, договорот ќе треба одново да биде ставен на преговарачка маса, или потполно да биде елиминиран

tramp_TPP

Најголемиот трговски договор во последните 20 години, ТПП ги вклучуваше САД, Австралија, Брунеи, Канада, Чиле, Јапонија, Малезија, Мексико, Нов Зеланд, Перу, Сингапур и Виетнам. Иницијатор на овој договор беше екс-претседателот Барак Обама како начин за отворање на Азиските пазари за американските производи и формирање на трговски блок кој ќе се спротивстави на Кина.

Негирањето на ТПП беше една од клучните точки на кампањата на Трамп, кој го нарекуваше овој договор „потенцијална катастрофа“ за САД. Тој најави билатерални договори со секоја поединечна земја наместо колективен договор.

„Сите знаат што значи ова, зборувавме за овој чекор долго време“, рече Трамп додека ја потпишуваше извршната наредба. „Голема работа направивме денес за Американскиот работник“.

За трговскиот договор, кој опфаќа 40% од светската економија, во 2015 година преговараа САД, Јапонија, Малезија, Австралија, Нов Зеланд, Канада и Мексико.

Наведената цел на ТПП беше да ги зајакне економските врски и да го зголеми растот, меѓу другото и преку намалување на царината.

Тој содржи мерки за воведување трудови и еколошки стандарди, авторски права, патенти и други правни мерки на заштита.

Целта на договорот беше потенцијално да се создаде нов единствен пазар како тој на ЕУ.

Критичарите тврдат дека тоа е не-многу-таен потег да се блокира Кина, која не е дел од договорот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This