ТРАМП: Почнува битката за Венецуела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Доналд Трамп на протестите во Венецуела против Николас Мадуро реагираше со зборовите дека „битката за слободата започна“, јавува ДПА.

Во соопштението во врска со демонстрациите Трамп објави дека во телефонскиот разговор го поздравил опозициониот лидер Хуан Гуадо „за историското преземање на претседателската функција“. Во соопштението на првиот човек на Белата куќа, Гуадо беше именуван како „венецуелски привремен претседател“.

Советникот за национална безбедност во Белата куќа, Џон Болтон, на Твитер исто така соопшти дека имал „многу продуктивна средба“ со директорскиот тим на компанијата СИТГО, која во САД е компанија ќерка на венецуелската државна нафтена компанија ПДВСА. Само пред неколку дена САД наложија санкции против неа.

САД продолжуваат да работат во правец на тоа, економските придобивки од природните богатства на Венецуела да не бидат разграбани од Мадуро и неговото опкружување. Имавме многу продуктивна средба со раководството на СИТГО, напиша Болтон.
На 7 февруари во Монтевидео ќе се одржи меѓународна конференција за Венецуела, што заеднички ја организираат Уругвај и Мексико. Предвидено е на неа да учествуваат неутрални држави, а целта е со нивна помош да започне дијалог меѓу Венецуелците. Уругвај и Мексико изјавија дека очекуваат на форумот да учествуваат најмалку десет држави, како и меѓународни организации.

Целта на конференцијата ќе биде да се создаде основа за нов механизам за дијалог, вклучувајќи ги сите сили во Венецуела и на тој начин да се придонесе за воспоставување мир во таа земја, се вели во заедничкото соопштение на Уругвај и Мексико, кои одбиваат да престана со поддршката на власта на Мадуро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This