ТРАМП ПО ВРАЌАЊЕТО ОД ПАРИЗ: „Им реков, не може веќе вака!“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на САД Доналд Трамп на Твитер објави сублимат од својата посета на Париз по повод одбележувањето на 100.годишнината од завршувањето на Првата светска војна каде на светските лидери им порачал дека Вашингтон плаќа илјадници милијарди долари за воена заштита на други земји и таквата ситуација нема да може да продолжи

„Само што се вратив од Франција каде постигнато е многу на моите состаноци со светските лидери“, твитна Трамп.

Тој оценува дека „никогаш не е лесно кога ќе ги изнесете фактите дека кон САД треба да се однесуваат правично, што не е направено, како на воен така и на трговски план“.

„Ние плаќаме големи делови за заштита на други земји, стотини милијарди долари, за да ја имаме таа привилегија да губиме стотини милијарди долари во трговија со тие исти земји. Им реков дека таквата ситуација не може да продолжи – тое е, како што и секогаш било, смешно и неправично кон САД. Огромни количини на пари се потрошени на заштита на други земји, а ние за возврат немаме ништо освен трговски дефицит и губитоци“, наведе американскиот претседател на социјалната мрежа.

Тој додава дека е „време овие богати земји да и плаќаат на САД за сјајната воена заштита, или да се бранат самите себе“.

„И трогвијата мора да биде слободна и правична!“, заклучи Трамп.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This