ТРАМП ПРЕД ИСТОРИСКА ОДЛУКА: Трамп се очекува денес да донесе одлука за договорот со Иран

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека ќе ја објави својата одлука за нуклераниот договор со Иран денес. Тоа е пет дена пред неговиот претходен рок.

На Твитер, тој рече дека има намера да му каже на светот што ќе направи во вторникот .

Трамп се закани дека ќе се повлече од договорот, со кој Иран се ослободи од санкциите во замена за ограничување на капацитетот за збогатување ураниум, освен ако не се пронајдат и подобрат недостатоците во договорите.

Во пресрет на одлуката, британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, апелираше до Трамп да не се повлекува од иранскиот нуклеарен договор, велејќи дека договорот може да има слабости, но тие може да се решат ако се даде време.

Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, исто така, лобираа за Трамп да не се повлече од договорот. Макрон предупреди дека тоа би можело да доведе до војна.

Претседателот на САД го опиша договорот како налудничав.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This