March 29, 2024, 12:25 am

ТРАМП ПРИСТИГНА ВО БЕЛАТА КУЌА: Новиот претседател на САД се сретна со претседателот во заминување во овалната соба во Белата Куќа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актуелниот претседател на САД Барак Обама се сретна денеска во Овалната соба во Белата куќа со новоизбраниот американски шеф на државата Доналд Трамп

tramp_obama

Трамп во Вашингтон пристигна од Њујорк со својот приватен авион и слета на националниот аеродром „Реган“, кој се наоѓа во близина на американскиот главен град.

Додека Трамп разговара со Обама, неговата сопруга Меланија ќе оствари средба со првата дама на САД, Мишел Обама.

На состанокот во Белата Куќа, Обама рекол дека сака Трамп и неговата сопруга да се чувствуваат добредојдено, и дека е важно земјата да се обедини пред предизвиците. Претседателот во заминување се заколна дека ќе „направи се“ за да му помогне на Трамп да успее во новата улога.

Обама за репортерите рекол дека имал „одличен“ разговор во врска со надворешната политика на САД но и за домашната политика.
„Разговаравме за надворешната политика, разговаравме и за внатрешната политика“, рекол Обама.
Трамп пак рекол дека ќе одржи повеќе состаноци со Обама.
„Очекувам и се надевам на поголема соработка со претседателот во иднина, вклучително и очекувам совети од него“, рекол Трамп од Белата Куќа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This