ТРАМП: „Путин не сака да победам на изборите“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека неговиот руски колега Владимир Путин не сака тој да победи на претседателските избори во САД, кои се закажани за 3 ноември.

„Му се допаѓам на Путин, но не мислам дека сака да победам на изборите“, рече Трамп.

Тој додаде дека и Кина не посакува негова победа, пренесе „Спутник“.

Претходно, Трамп во повеќе наврати велеше дека никој не бил толку оcтар кон Русија како него. Американскиот претседател ваквите тврдења ги изнесе кога се соочи со обвинувања дака учествувал во завера со Русија, за наводно влијание врз резултатите од претседателските избори во 2016, што на крајот не се докажа. Москва исто така ги негираше ваквите oбвинувања.

На претседателските избори во САД кои треба да се одржат кон крајот на годинава, Трамп ќе се бopи за втор мандат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This