Трамп разгледува можност да формира нова политичка партија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, неодамна разговарал со своите соработници за идејата за основање на нова политичка партија, пренесува „Волстрит журнал“.

Како што пишува весникот, минатата недела Трамп ја претставил идејата пред своите соработници и неколку блиски луѓе, а новата политичка партија, наводно би требало да се вика „Патриотска партија“.

Во последните часови од мандатот, Трамп во својот проштален говор рече дека движењето што започна во знак на негова поддршка е само почеток, пренесува „Спутник“.

„Сега, кога се подготвувам да и ги предадам овластувањата на новата администрација, сакам да кажам дека движењето што го стартувавме е само почеток“, нагласи тој.

По обвинувањата на Трамп за изборна кражби и немирите во Вашингтон, за кои тој е обвинет дека ги поттикнал, многу републиканци му свртеа грб.

Лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел го нападна обвинувајќи го за предизвикување насилство во Вашингтон, а медиумите претходно објавија дека потпретседателот Мајк Пенс бил гневен поради неговиот повик да ја блокира потврдата на резултатите од претседателските избори на 3 ноември минатата година.

Белата куќа потврди дека Трамп ќе го напушти Вашингтон четири часа пред церемонијата на инаугурација на Бајден. Според претходните извештаи, тој ќе ја напушти воената база Ендрјус околу осум наутро и ќе се упати на неговиот имот во Палм Бич на Флорида, каде ќе ги помине следните неколку дена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This