Трамп: Русија и Кина ни зaвидyвaaт штo имaмe нajмoќнo opyжje

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на САД, Доналд Трамп верува дека Америка го има „најмоќното оружје на Земјата“, на кое и завидуваат Русија и Кина.

„Потрошив 2,5 трилиони долари за воени цели, бидејќи претходно нашите вооружени сили беа во ужасна состојба. Имаме одлично оружје, најмоќното на Земјата. Никој го нема тоа. Неодамна разговарав за ова: имаме оружје толку неверојатно и толку моќно, толку модерно што кинескиот претседател Си Џинпинг и Путин ни завидуваат“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“.

„Ја вративме силата на нашите вооружени сили. Требаше да го сториме тоа, ако ги погледнете Кина и Русија. Мислам дека Кина е најголемиот проблем сега. Некои велат: Русија, Русија… и кога ќе прашам за Кина, никој не сака да зборува за тоа“, изјави американскиот претседател.

Според шефот на Белата куќа, пред него „никој немал толку сурова политика кон Русија“.

„Јас гарантирам дека на состаноците зад затворени врати, Путин ќе го каже истото на неговата околина. Меѓутоа, ако можеме да воспоставиме односи со Кина и Русија. Тоа треба да биде решението за проблемот “, додаде тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This