April 24, 2024, 10:33 pm

ТРАМП САКА ПАРАДА КАКО ВО РУСИЈА: Желбата на Трамп за парада на американската војска предизвика раздор кај нацијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Таквите паради чинат десетици милони долари, а кога буџетот за одбрана за 2018 е веќе усвоен со Закон, нема смисла да се трошат пари за проекти кои не придонесуваат во одбраната на САД, додаваат противниците на предлогот на Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп на неодамнешната средба со армиските генерали во Пентагон издал наредба да се организиара парада, како демонстрација на воената надмоќ на САД, објави „Вашингтон пост“.

Според весникот, како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, Трамп наводно побарал парадата да биде слична на онаа во Париз по повод францискиот државен празник – Денот на Бастиља, со марш на униформирани војници, оклопни возила и ловци-авиони кои би надлетувале градот, но доколку се одржи, таа повеќе би наликувала на парадата по повод Денот на победата над фашизмот на Црвениот плоштад во Москва.

Идејата на Трамп наиде на негативни реакции во јавноста, пред се поради тоа што во историјата САД ретко органиизрале воени паради и тоа само на значајни историски датуми. Последниот сличен настан е воената парада на Џорџ Буш постариот во чест на завршувањето на Заливската војна во 1991 година.

Од друга страна, според противниците на идејата, воените паради се симбол на тоталитаризмот и тие се одржуваат во земји како Северна Кореја или Русија на Владимир Путин.

Таквите паради чинат десетици милони долари, а кога буџетот за одбрана за 2018 е веќе усвоен со Закон, нема смисла да се трошат пари за проекти кои не придонесуваат во одбраната на САД, додаваат противниците на предлогот на Трамп.

Транспортот на тенкови и воена машинерија од воените бази оддалачени стотици милји од Вашингтон, би чинело милиони долари.

Градскиот совет на Вашингтон е исто категорично против одржување на воена парада, бидејќи се стравува од оштетување на асфалтот на вашингтонските авении.

– Оклопното возило „Бредли“ тежи 28 тони или 14 пати повеќе од Крајслер 300 седан, пишува „Вашингтон пост“.

Од друга страна, според некои коментатори, наредбата на Трамп за воена парада е оценета како негов обид за спектакуларен Пи-Ар во годината кога се одржуваат редовните избори за Конгресот и кога рејтинзите на републиканците се ниски и се прогнозира победа на демократите.

Извори на „Вашингтон Пост“ тврдат дека Трамп од генералите побарал парадата да се одржи во втората половина на годината, а конгресните избори се во ноември.

Во реакција на идејата, париски „Монд“ оценува дека демонстрацијата на американската воена надмоќ не може да се изедначи со парадата по повод падот на Бастиља, која е дел од француската традиција и се одржува секоја година од 1880-та.

– Воената парада на Денот на Бастиља е традиција, дел од генетскиот код на Французите. За тоа има цврста историска основа и таа е нешто многу поразлично од мотивите на Трамп, наведува „Монд“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This