ТРАМП: Светот пред мојата победа беше безнадежно место!

Поврзано

- Advertisement -
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп на својот профил на Твитер порача дека поради неговата победа во трката за Белата куќа, потрошувачката за Божиќните празници изнесувала милијарди долари.
- Advertisement -

„Светот беше мрачно место пред да победам јас – немаше надеж. Сега вредноста на пазарот порасна за 10% и потрошувачката за Божиќ надмина трилиони долари“, напиша Доналд Трамп на својот профил на Твитер.

The world was gloomy before I won – there was no hope. Now the market is up nearly 10% and Christmas spending is over a trillion dollars!

Тој исто така во два одвоени твитови истакна дека на својата добротворна фондација ѝ дал „милиони долари, а таа примила и собрала уште милиони долари, сето тоа било дадено во добротворни цели, а медиумите не известуваат за тоа“.

Покрај тоа, новоизбраниот американски претседател порача дека неговата „фондација, за разлика од повеќето фондации не исплаќа надомести, ниту изнајмен простор и било какви трошоци, туку 100% од парите заминуваат во добротворни цели“.

Трамп во саботата најави дека има намера да ја затвори својата контроверзна филантропска фондација за да избегне било каков судир на интереси за време на неговиот претседателски мандат.


Неговата добротворна фондација се најде под истрага на њујоршките обвиниели и моментално се истражува колку точно пари тој испратил на сметка на фондацијата, пренесува француската новинска агенција AFP.

Критичарите на Трамп велат дека е невозможно тој да биде претседател а да не дојде до судир на интереси доколку целосно не се откаже од сите свои добротворни активности и бизнис интереси.

„Фондацијата направи добри дела и даде придонеси од милиони долари на безброј групи, вклучувајќи ги ветераните, припадниците на полицијата и децата“, порача Трамп кој додаде дека своите филантропски цели планира да ги исполни на друг начин за да избегне судир на интереси додека биде на функцијата претседател на Соединетите Американски Држави.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This