ТРАМП СЕ НАЛУТИ: Ја откажа посетата на Данска откако одбија да му го продадат Гренланд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Белата куќа ја одложила посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Данска, која била планирана за 2-ри и 3-ти септември, јавува NBC News. Претставник од Белата куќа ја потврдил оваа информација за телевизијата.

Претходно Доналд Трамп изјавил дека ќе ја одложи посетата по изјавата на премиерката на Данска дека Копенхаген не е заинтересиран за продажба на Гренланд на САД.

“Данска е многу посебна земја со неверојатни луѓе, но, на основа на коментарите на премиерката Мете Фредрикесен, дека не е заинтересирана за разговор за купување на Гренланд, јас ќе го одложам нашиот состанок кој е планиран за две недели, на друго време”, напишал Трамп на Твитер.

Минатата недела било објавено дека Трамп ја разгледува можноста за купување на Гренланд. Во Данска биле изненадени од идејата на американскиот претседател, додека владата на оваа автономна област тоа го отфрлила.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This