ТРАМП СЕ СМИРИ СО КИНЕЗИТЕ: Америка и Кина потпишаа договор за олеснување на трговската војна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД и Кина потпишаа првичен трговски договор за решавање на некои од прашањата во средиштето на економскиот спор што ги обременува односите меѓу двете најголеми економии во светот во изминатите 18 месеци.

Претседателот Трамп беше домаќин на кинескиот вицепремиер Ли Хи на церемонијата на потпишување во Белата куќа.

„Денеска ги поправаме грешките од минатото“, рече Трамп и најави дека ќе ја посети Кина во „не многу далечна иднина“.

Трамп рече дека договорот е „неверојатна спогодба за САД која ќе ја трансформира американската економија, и ќе води кон стабилен мир во светот“.

Кинеските лидери ја нарекоа спогодбата „вин-вин“ договор, кој ќе ги подобри реалциите на двете земји. Вицепремиерот Ли прочита писмо од кинескиот претседател Ши Џипинг, во кое се вели дека „ следен чекор на двете страни е имплементирање на спогодбата“.

Кина се согласи да го зголеми увозот од САД за 200 милијарди долари, и да ги подобри правилата за интелектуално сопствеништво. За возврат, Америка се согласи да ги преполови дел од царините кои ги воведе за голем дел од кинеските производи. Сепак, голем дел од царините остануваат на сила, што ги натера бизнис групите да апелираат за понатамошни преговори.

Двете страни се договорија во како што го нарекуваат договорот „Прва фаза“ во средината на декември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This