ТРАМП СО НОВ ПЛАН: Смртни казни за дилерите со дрога во САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Доналд Трамп најави план за борба против порастот на зависници од дрога во САД. Оовј план, според американските медиуми, предвидува и смртна казна кај тешки деликти поврзани со наркотици.

Советникот за внатрешна политика, Ендрју Бремберг потврди дека планот предвидува и смртни казни за дилерите со дроги. Со планот на Трамп, исто така, се предвидува осудуваните дилери да бидат казнувани и кога се фатени и со помали количини дрога кај себе, а треба да се зајакне и превентивата и едукацијата на населението.
Тој го повика Конгресот на САД да ги заостри законските мерки со кои се одредува казна за шверцерите со дрога. Со тој план Белата куќа ќе се обиде да го намали добивањето на рецепти за употребата на опијати за една третина во наредните три години. Трамп својот план најпрво ќе го претстави во сојузната држава Њу Хемпшир, каде овој проблем највеќе ескалира. Центрите за контрола на зависностите во 2016. година рехистрирале околу 42.250 жртви на дрога, што е рекордна бројка и пораст од 47 проценти за две години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This