Трамп со порака до Србија и Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рајан Тали им ја пренесе на другите учесници на Белградскиот безбедносен форум пораката на американскиот претседател Доналд Трамп до Белград и Приштина да продолжат да работат на реализација на договорот од Вашингтон.

Трамп верува дека економската соработка може да придонесе за подобри односи меѓу двете страни, рече Тали, инаку заменик помошник директор на Советот за национална безбедност на САД за Европа и Русија.

Тој на Интернет панелот на кој присуствуваа српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти рече дека американскиот претседател, по 20 години ограничен напредок во односите меѓу двете страни, одлучил да ја стави економијата во центарот на процесот за нормализирање на нивните односи.

„Претседателот силно верува во силни економски врски меѓу Белград и Приштина, вклучително и економски раст и создавање нови работни места“, рече Тали на панелот под наслов „Белград-Приштина, нема решение без доверба“.

Неопходно е да се изгради доверба меѓу двајцата партнери, а недостатокот на формални економски канали меѓу Белград и Приштина ги искомплицира дури и наједноставните трансакции, почнувајќи со чекање на премините или недостаток на сообраќајни врски, истакна Тали.

Тој посочи дека сето тоа влијае на односите, одливот на мозоци, што исто така влијае на вработувањето.

Тој вели дека главните чекори што треба да се преземат беа споменати во Вашингтон и дека двајцата лидери покажаа голема храброст и посветеност.

Тој исто така потсетува дека американската делегација ги посети Белград и Приштина, со цел да ги направи оперативните цели од 4 септември.

Тие сега отворија канцеларија во Белград, а има и друг тим во Белград кој работи со други претставници на американската администрација и се занимава со прашањето на енергијата и да помогне во прашањето за диверзификација на енергијата како значајно безбедносно прашање, рече Тали.

Тој им се заблагодари на своите колеги од Европа и рече дека Соединетите држави ги охрабруваат да продолжат да работат на развој на економските односи.

Тој вели дека биле во близок контакт со колегите од Европа и дека со задоволство ќе продолжат да ги поддржуваат Белград и Приштина за време на градењето на економската доверба.

„Се надеваме дека ќе ги создадеме потребните услови за двајцата лидери да ги решат овие долгогодишни прeдизвици“, заклучи Тали.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This