April 24, 2024, 11:49 am

Трамп сподели детали за средбата помеѓу Вучиќ и Хоти – многу се гушкале кога потпишале

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Доналд Трамп на предизборниот собир во Мидлтаун во Пенсилванија повторно се осврна на договорот помеѓу Белград и Приштина и го оцени како свој, и успех на САД.

Трамп порача дека со тој договор се спасени многу животи, а поради тоа е номиниран за Нобелова награда за мир.

Како што порача во обраќањето пред избирачите станува збор за допринос во постигнувањето на договорот помеѓу Белград и Приштина и помеѓу Обединетите Арапски Емирати и Израел.

„Тие се убиваат меѓусебно многу години, едноставно се убиваат едни со други, не се согласуваат“, рекол Трамп, пренесува Танјуг. Додава дека станува збор за несогласвуање како во случајот со Палестинците и Израел.

„Ние тргувавме со двете страни, така да имаме извесна моќ. Им реков, слушајте, ајде да постигнеме договор, ајде да постигнеме економско примирје и општо примирје“, порача Трамп и со избирачите го сподели својот впечаток за реакцијата во неговата канцеларија по потпишувањето на договорот помеѓу претставниците на Приштина и Белград.

„Тие се прегрнаа, тоа беше прекрасна работа да се види, спасивме многу животи“, порача Трамп.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This