ТРАМП СТАВИ 134 МИЛИОНИ ЛУЃЕ НА ЦРНА ЛИСТА: Потпишана наредба за забрана за влез на граѓани од седум Муслимански земји!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со само неколку брзи удари од пенкалото, претседателот на САД Доналд Трамп го забрани влезот во САД – иако само привремено – на сите граѓани од седум муслимански земји

tramp_zabrana

Трамп им го забрани влезот на сите државјани на седум мнозински Муслимански земји од влез во САД во наредните 90 дена, со потпишување на извршна наредба, која како што вели висок претставник на Белата Куќа е само прв чекор кон воедување на поширока забрана.

Не е јасно колку уште земји ќе бидат додадени на „црната листа“ но официјални претставници изјавиле дека администрацијата на Трамп ќе биде многу „агресивна“ во одлучувањето на уште колку земји ќе бидат додадени на земјите со забрана за патување на нивните граѓани во САД.

Запрашани за критериумот според кој администрацијата одредува кои на кои дражвјани ќе им биде забранет влезот во САД, одговорот бил едноставен „мандатот да ја направиме Америка безбедна“, „нема да превземаме никави ризици“, рекол официјален претставник, пренесуваат медиумите од САД.

Со извршната наредба им се забранува влез во САД на сите граѓани на Ирак, Сирија, Иран, Либија, Сомалија, Судан и Јемен – или на 134 милиони луѓе вкупно кои живеат во овие земји, на 90 дена. Овие земји биле на „листата на земји со висок ризик“.

Од забраната се исклучени дипломати и претставници на меѓународни организации.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This