Трамп: Трeбаше да го зaбpaнам фeјсбук додека бев претседател

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот американски претседател ја пофалил нигериската влада поради забраната за работа на платформата Твитер во таа земја, откако профилот на претседателот бил избришан поради кршење на правилата.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјавил дека требало да го забрани Фејсбук додека бил претседател, но дека директорот на компанијата Марк Закерберг постојано му се јавувал, доаѓал на вечери во Белата куќа и притоа му кажувал колку е величествен.

Профилите на Трамп на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук се забранети – на Твитер засекогаш, на Фејсбук на најмалку две години.

Трамп во соопштение ја пофалил нигериската влада поради забраната за работа на платформата Твитер во Нигерија откако профилот на претседателот на таа земја, Мухамаду Бухари бил избришан поради кршење на правилата, пренесува “BBC”.

“Кои се тие да диктираат добро и зло, кога и самите се злобни?”, изјавил поранешниот претседател на САД во соопштението и ги повикал другите земји да го следат потегот на Бухари.

Истовремено, Трамп апелирал до граѓаните да ги избришат профилите на платформите Фејсбук и Твитер бидејќи не дозволуваат слободен и отворен говор.

“И честитам на Нигерија која го забрани Твитер, бидејќи го забрани нивниот претседател”, рекол Трамп.

Забраната за Твитер во Нигерија уследила откако нигерискиот лидер се заканил со пресметка со луѓето на југоистокот на земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This