ТРАМП ЈА ПОМИНА ЦРВЕНАТА ЛИНИЈА: Повеќе нема враќање назад, заканите беа премногу!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По сите закани, секое отстапување на Трамп од лансирање на ракети би било протолкувано како негова слабост и би му ја поткопало позицијата во Вашингтон, смета Мирослав Лазански


Судејќи по пораките на американскиот претседател, нападот на Соединетите Американски држави во Сирија е прашање на момент, без обзир на тоа што Вашингтон не изнесе конкретни докази дека сириските владини сили навистина извеле хемиски напад во градот Дума.

Доналдт Трамп, како одговор на пораката од Москва дека ќе ја штити Сирија од секаква врста агресија, на Твитер порача „Русија да се подготви бидејќи ракетите пристигнуваат“.

Воениот коментатор Мирослав Лазански вели дека Американците веќе пресудија дека Сирија е виновна, а дека Русите прикриваат наводни сириски злосторства, и тоа од проста причина што Трамп се обидува својата нестабилна внатрешнополитичка ситуација и афери да ги прикрие со една врста на воена итнервенција.

Затоа, додава, американскиот претседател нема друг избор туку да удри на Сирија.

„Откако отиде предалеку со заканите, секое отстапување од лансирање на ракети би било протолкувано како негова слабост и би му ја поткопао позицијата во Вашингтон. Трамп е заробеник на целата оваа кампања која се води против него, заложник на ‘длабоката држава’, тие со него манипулираат и прават што сакаат. Мора непрестајно да се докажува дека е ‘поголем Американец’ од сите други и тука е неговиот основен проблем“, категоричен е Лазански.

Лазански потсетува дека американските сили веќе се упатени во Средоземното море, а дека Шестата американска флота има голем број на крстосувачки ракети, околу 800, кои можат да се лансираат од воените бродови. Тоа, како што вели, сириската противвоздушна одбрана не може да го запре.

„На крајот, се зависи од тоа за што Трамп ќе се одлучи. Дали ќе оди на некоја врста ограничување на воената операција, како онаа од минатата година кога беше гаѓан аеродромот ‘Шеријат’ и кога лансираше околу 50 ракети ‘томахавк’, или ќе оди на масовен удар, да се гаѓаат по неколку стотина цели истовремено, за да ја покаже својата одлучност. Опцијата за која ќе се одлучи зависи од американската проценка за тоа како ќе реагира Москва, која веќе предупреди дека нема да дозволи американска агресија на Сирија“, вели лазански.

Според неговите зборив, одговорот на Москва нема да изостане.

„Русите најверојатно во прв момент ќе одговорат со електронско блокирање на лансирањето на тие ракети, што би значело ‘збунување’, а потоа и нивно соборување, дали на средина на нивната траекторија, или во приодот кон целите кои тие ракети ќе пробаат да ги погодат. Верувам, дека во секој случај, Вашингтон барем три-четири часа претходно прецизно ќе ја извести Москва за тоа кои се целите, за Русите да можат да ги извлечат своите претставници на тие локации. Меѓутоа, тоа истовремено значи дека и Сиријците ќе можат да ги извлечат своите луѓе“, напоменува Лазански.

Од друга страна, додава Лазански, ниту сириската војска не е наивна.

„Тие веќе пред неколку дена почнаа со дисперзија на своите воени сили, излегоа од стационираните воени објекти, ги извлекоа материјалните ресурси и ги сокрија резервните ракети на одредени воени позиции. Значи, ни тие нема да чекаат со скрстени раце“, забележува Лазански.

На прашањето има ли начин оваа криза сепак да се реши на начин на кој своевремено се реши Кубанската ракетна криза, или некој евентуален состанок помеѓу Путин и Трамп позади затворени врати, Лазански е скептичен.

„За време на Кубанската ракетна криза братот на американскиот претседател Кенеди директно комуницираше со рускиот амбасадор. Сега нема дипломатија, односно е сведена на нужен дел, иако во Вашингтон и во Москва тврдат дека руската армија и американските вооружени сили задржале директна линија на комуникација. Меѓутоа, немате линија на политички план, ниту со Трамп има некој политичар кој е вреден за негова доверба и кој би можел да биде една врста на ‘мировен голуб’, како што беше Боби Кенеди. Исто така, Џон и Боб Кенеди имаа фантастичен авторитет во однос на генералите во Пентагон. Трамп сега ја нема таа врста на можност да влијае, ако околу себе има т.н. јастреби. На кого тој може да му довери во негово име да врши ‘дискретна дипломатија’, за да се избегне катастрофална грешка и работите да излезат од контрола?“ предупредува Лазански.

Според неговото мислење, стравот од тоа дека работите ќе излезат од контрола е оправдан. Искусен воен коментатор се надева дека тоа нема да се случи, бидејќи, како што вели, никој не е луд да ризикува нуклеарна војна.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This