ТРАМП ЌЕ ГО ПОСЕТИ СЕДИШТЕТО НА ЦИА: По жестоките критики кон разузнавачите, Трамп денес ќе ја посети ЦИА!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на САД планира да го посети седиштето на ЦИА денес, што се смета за обид за поправање на односите помеѓу него и разузнавачката агенција, по критиките кои Трамп ги испрати на нивна адреса, а во врска со лажните информации во врска со наводото „рукско хакирање“
tramppress

Портпаролот на Белата Куќа Шон Спајсер на Твитер информирал дека повеќе од 300 лица ќе присуствуваат на настанот во седиштето на ЦИА во Ленгли, Вирџинија – пренесува Ројтерс.

„Возбудени сме што ќе имаме можност д им се заблагодариме на мажите и жените од разузнавачкото општество“, рекол Спајсер.

Трамп го започна својот прв целосен работен ден како Претседател со молитва на националниот молитве сервис, која традиционално се одржува утрото по инаугурацијата.

Новиот претседател само неколку дена пред инаугурацијата, силно ги критикуваше високите претставници на разузнавачките агенции во САД, во врска со „протечените“ информации со наводната вмешаност на Русија во хакирањето на претседателските избори.

Тој ги спореди разузнавачите на ЦИА дека користат тактики на нацистичка Германија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This