April 25, 2024, 11:35 am

ТРАМП ЌЕ ДОЗВОЛУВА ВЛЕЗ САМО НА ХРИСТИЈАНИ: По забраната за влез на Муслимани од седум земји, Трамп ќе им помага на христијаните од Сирија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на САД Доналд Трамп во ново интервју изјавил дека ќе им даде приоритет на бегалците Христијани пред другите бегалци кои сакаат да влезат во САД, велејќи дека тие биле „ужасно третирани“

Tramp_hristijani

Зборувајќи за „Христијанската телевизиска мрежа“, Трамп изјавил дека било „невозможно, или во најмала рака многу тешко“ за Сириските Христијани да влезат во САД.
„Ако сте Муслиман имаше можност да лезете, но ако сте Христијанин, беше речиси невозможно и причината поради тоа беше крајно нефер – сите се прогонувани, да бидам фер – но на Христијаните им беа отсекувани главите. И мислам дека од наша страна тоа беше многу, многу нефер. Затоа ние ќе им помогнеме.“

Според извештај на непартискиот истражувачки центар, 99% од бегалците од Сирија кои влегле во САД биле Муслимани, а вкупно влез во САД добил е 12,600 бегалци од Сирија. Помалку од 1% биле Христијани.

Освен ова, Трамп потпиша и извршна наредба со која се забранува влезот на 134 милиони државјани од седум Муслимански земји. Со извршната наредба им се забранува влез во САД на сите граѓани на Ирак, Сирија, Иран, Либија, Сомалија, Судан и Јемен – или на 134 милиони луѓе вкупно кои живеат во овие земји, на 90 дена. Овие земји биле на „листата на земји со висок ризик“.

Од забраната се исклучени дипломати и претставници на меѓународни организации.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This