ТРАМП ЌЕ ПРОГЛАСИ ВОНPEДНА СОСТОЈБА ВО САД: Федералната влада ќе биде затворена повторно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, даде писмена изјава за тоа дали Федералната влада ќе биде затворена или не. Портпаролот Сандерс рече дека Трамп ќе го потпише Законот за буџетот и дека не станува збор за тоа дека Федералната влада повторно ќе биде затворена, пренесува Anadolu Agency (AA).

Сандерс рече дека Трамп ќе го потпише Законот за буџетот и дека не станува збор за тоа дека Федералната влада повторно ќе биде затворена.

„Претседателот Трамп, како што и претходно беше кажано, ќе го потпише Законот за буџетот на Владата, но за да биде сигурен дека е запрена националната безбедносна и хуманитарна криза на нашата граница ќе ги преземе сите неопходни претседателски мерки, вклучено и национална вонредна состојба“, напиша портпаролката.

Сандерс, исто така, истакна дека Трамп ќе го исполни ветувањето за ѕид на мексиканската граница и ќе ги преземе сите неопходни чекори за заштита на границите.

За финансирање на ѕидот ќе се прогласи „национална вонредна состојба“.

Чекорот на Трамп за „национална вонредна состојба“ предизвика дебати во американските медиуми. Некои експерти тврдат дека најавата на Трамп за национална вонредна состојба е контроверзна со Уставот.

Трамп, кој не успеа да добие буџет од Конгресот за поставување ѕид на границата со Мексико, се очекува да прогласи национална вонредна состојба во однос на граничната безбедност и на тој начин да го обезбеди финансирањето на ѕидот.

Претседателот на САД, Трамп, побара буџет од 5,7 милијарди долари за поставување ѕид меѓу границата на САД и Мексико, но демократите во Конгресот не го дозволија тоа, па поради тоа Федералната влада на САД од 22 декември 2018 до 25 јануари 2019 година беше затворена 35 дена.

Подоцна, тринеделниот закон за трошење помина во Претставничкиот дом и Сенатот и стапи на сила откако беше потпишан од Трамп. На тој начин заврши периодот на затворање на Федералната влада, најдолго во историјата.

Трамп истакна дека ако Конгресот не успее да постигне фер договор за безбедноста на границите, на 15 февруари Владата повторно ќе се затвори или користејќи ги своите претседателски овластувања ќе прогласи „вонpeдна состојба“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This