Трамп oтвopил coпcтвeн cajт: Ha cajтoт има фотографии co познати личности и нeгoви дocтигнyвaњa, ни збop зa ckaндaлитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почетната страница на сајтот прикажува повеќе фотографии од Трамп со бројни познати личности, како и со неговата сопруга Меланија.

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп го отворил својот сајт www.45office.com, за да остане во контакт со своите приврзаници, а дел е посветен и на презентација на неговиот престој во Белата куќа.

Почетната страница сајтот прикажува повеќе фотографии од Трамп со бројни познати личности, како и со неговата сопруга Меланија.

“Канцеларијата на Доналд Трамп е посветена на зачувување на величенствениот период на неговата администрација, додека истовремено го промовира програмот “Америка на прво место””, пишува на почетната страна на сајтот, пренесува “Reuters”.

Сајтот исто така ги прикажува достигнувањата на Трамп, вклучувајќи го енергетскиот сектор и граничната безбедност, зајакнувањето на НАТО и останатите меѓународни сојузни и неговиот одговор во борбата против пандемијата на коронавирусот.

“Reuters” додава дека не се споменуваат скандалите, истрагите за корупција, двата обиди за отповик и нападите на демократските институции кои го одбележале неговиот мандат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This