ТРАОРНИ БРОЈКИ ВО САД: Само мината година 40 илјади Американци биле жpтви на огнено opужje !

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Соединетите Американски Држави (САД) како последица од употреба на огнено оружје минатата година загинаа околу 40.000 лица, што е најголема бројка во последните 40 години.

Резултатите од истражувањето направено врз основа на податоците на американскиот Центар за контрола и спречување на болести (CDC) покажуваат дека минатата година како последица на користење огнено оружје загинале 39.773 лица. Од нив 23.854 извршиле самоубиство, што е најголема бројка во последните 18 години.

Процентот на загинати поради користење оружје во 1999 година изнесуваше 10,3 на секои 100.000 лица, односно во 2017 година, 12 на секои 100.000 лица.

Исто така, процентот на самоубиства извршени со оружје во 1999 година изнесуваше шест на секои 100.000 лица, односно 6,9 во 2017 година.

Аделин Алчин, директорката за истражување на јавното здравство при Коалицијата за запирање на вооружено насилство, соопшти дека минатата година поради вооружено насилство дневно во просек смртно страдале по 109 лица.

Таа смета дека итно треба да се пронајде решение за вооруженото насилство.

„Веднаш треба да се позанимаваме со ова прашање и да интервенираме кога станува збор за одредени набавки на оружје“, наведува Алчин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This