April 23, 2024, 12:10 pm

Трајановски: Дали кога Петре Шилегов мисли на урбаноскопје мисли на Урбано ЕЛ ДООЕЛ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседател на Градска Организација ГРОМ Скопје, Александар Трајановски, откако на последната седница за советнички прашања на Советот на Град Скопје не доби одговор на советничкото прашање за сомнителна јавна набавка на јавни чешми за пиење, поднесе барање за до Град Скопје за увид во целокупната документација од објавувањето на огласот за јавната набавка на јавни чешми за пиење до нејзината реализација и наплата.

Од Секторот за Јавни Набавки доби „исцрпен одговор“, односно му биле покажани истите документи кои веќе се достапни јавно на системот за Јавни Набавки, а на кои тојсе повикал при објавувањето на оваа сомнителна набавка.

„Од досегашниот увид можеме да констатираме дека фирмата Урбано ЕЛ ДООЕЛ на сите тендери од овој тип на набавка учествувала сама, без конкуренција, без јавна аукција. Според документите кои веќе се достапни јавно на системот за Јавни Набавки, фирмата Урбано ЕЛ ДООЕЛ на сите тендери од овој тип на набавка учествувала сама, без конкуренција, без јавна аукција“, открива Трајановски.

„Секторот за Комунални Работи на Град Скопје кој треба да одговори на барањето за увид во документите и да ги приложи докази за сработенотото сѐ уште го немаат добиено барање иако се на 20 метри од Секторот за Јавни Набавки. Секторот за Комунални Работи е должен според договорот потпишан со правното лице Урбано ЕЛ ДООЕЛ Скопје, според член 7, член 8 и член 9 од договорот да има обезбедено и да поседува докази и информации за сработеното од страна на носителот на набавката кој ја има наплатено 4.700.000 денари оваа набавка“, појаснува Трајановски.

„Дали кога Петре Шилегов мисли на #урбаноскопје мисли на Урбано ЕЛ ДООЕЛ? Биде така, следете ме за повеќе информации во понеделник.
П.С. Од бегова чешма вода не се пие, ја нема…“, кометира Трајановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This