Трајановски: Проектот Луна парк е завршен во 2018 година, Шилегов проектот го чува во фиока, реквизити стојат по магацините

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски во гостување во Радио Лидер во емисијата Филибастер, вели дека доколку скопскиот градоначалник Петре Шилегов го продолжел проектот за Луна парк кој е започнат во негово владеење, седумте реквизити кои се набавени наместо да се чуваат по магацините или да стојат кај добавувачите жителите на Скопје уште во 2018 година ќе можеле да ги користат. Како што истакна тој, дел од реквизитите кои требало да бидат дел од Луна паркот биле пристигнати, а дел требало да пристигнат, притоа со тендерот кој што бил распишан предвидел истите да се донесат и монтираат и да се пуштат во употреба
од страна на добавувачот. Ако го продолжеше ова, во тој случај жителите на Град Скопје во 2018-та година, во летото, веќе ќе можеа да ги користат благодетите од овие реквизити, посочи Трајановски.

Според Трајановски, секој градоначалник треба да ги продолжи проектите од претходниот, укажувајќи дека доколку проектите се во завршна фаза, а се држат во фиока е незаисливо и необјасниво бидејќи од тоа најмногу губат граѓаните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This