Трајанов до СДСМ: Кoj ќe oдгoвapa зa пoгpeшнo внeceнитe пoдaтoци вo пoпиcoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Пред нас е предлог на законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2021 година, а според ДЗС пописот е најобемна статистичко истражување во однос на единиците што се попишуваат итн. Но, внимавајте статистиката е дел од математиката, така да некој е скаран со математика и се надева дека преку статистиката ќе спроведе политика, тоа е апсурд. Математиката ќе ви ја извади секоја манипулација на виделина, затоа што сме во 21 век, денес имаме многу софтверски решенија и било која база на податоци може да се вкрсти и тука нема сомнеж дека статистиката ќе помогне за некоја политичка цел“, рече Здравко Трајанов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ на денешната собраниска седница.

Трајанов додаде дека во законот Поглавје еден општи одредби нема поимник, нема методологија за попис во текстот на законот. Но, во член 5 точка 3 стои – Пописот ќе се спроведува со употреба на персонален компјутер на посебна апликација итн. Поради ова Трајанов постави прашање каде ќе се потпише лицето кое е предмет на пописот. Второ прашање кое го постави до владејачкото мнозинство е каде ќе се потпише лицето кое попишува. И трето прашање е колку граѓани во Република Македонија имаат електронски потпис за да тоа можат да го направат електронски.

„Апсурдно е решението кој може да попише лице во негово отсуство, член 8 точка 1 – за лице кое е на привремена работа или престој во странство податоци од член 10 од овој закон ги дава полнолетно лице на кој најмногу му се познати и при што се дава единствен матичен број на граѓаните за тоа лице кое дава податоци и единствен матичен број на граѓанин или лице за кое се потпишува. Некој што те познава тоа е безмалку секој. Дополнително не е објаснето каков прилог на документи за идентификација и полномоштво  треба да се приложи за да потпишете некој“, појасни Трајанов.

Трајанов јавно запраша кој ќе одговара за погрешно внесените податоци во пописот. Ако се случат, а веројатно ќе се случат такви.

„Лицето кое е предмет на попишување никаде не се потпишува, никаде нема доказ дека дал веродостојни податоци. Лицето кое попишува никаде не се потпишува, нити некој му се потпишува за веродостојноста на податоците. Значи може слободно да внесе грешни податоци“, нагласи Трајанов.

Трајанов посочи дека ВМРО-ДПМНЕ побара читач за отпечатоци  на прст, но за жал власта одби. А, со ова само се докажува дека власта одбива да се спроведе реален попис на население во Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This