Трајковски: Со младите сме како семејство, дај Боже да играме на ЕП!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски одигра одличен натпревар со Лихтенштајн и со два гола го водеше националниот тим до посакуваните три бода и маршот преку Лигата на нациите до Европското првенство (ЕП) во 2020 година.

Трајковски игра перфектно како во клубот, така и во репрезентацијата, а се надева дека преку оваа Лига на нации нашата земја ќе обезбеди пласман на еден голем фудбалски собир и ќе биде меѓу најдобрите европски селекции.

 

„Фала Богу, продолжуваме во ист стил. Пандев асистира, јас давам голови или тој да дава голови, а јас да асистирам. Се додека трае таа „италијанска врска“ многу е добро. Се гледа дека играме добро, дека многу напредуваме и веќе сме на првaта позиција. Се надевам дека до крај ќе го задржиме лидерското место, а потоа, здравје Боже, да играме на тоа Европско првенство“, вели Трајковски.

Гибралтар ја победи Ерменија во Лигата на нациите, но Трајковски не гледа простор за евентуална сензација на наредните мечеви на Македонија. Вели дека со ваква игра, никој нема да може да го победи националниот тим кој има десет меча без пораз во низа.

„Ние не размислуваме дали Ерменија загубила или победила, ние одиме во Ереван да одиграме на добар резултат, а најважно е да не загубиме на тој меч. Сега за сега е супер. Победивме, прво место сме во групата и се надевам дека така ќе остане. Оваа генерација и со сите тие подмладувања кои беа направени од младата селекција, направме едно семејство и тоа се гледа и на терен. Сите сме ние квалитетни играчи, играме во големи екипи, играме надвор од Македонија и тоа е многу важно. Се надевам дека со овие мечеви, како ќе победуваме, така ќе напредуваме и да направиме уште еден голем чекор напред. Ако продолжиме вака да играме, со овој менталитет и со оваа мотивација, никој не може да ни ја расипе серијата“, заврши напаѓачот.

Наредниот предизвик Македонија ќе го има во Ереван, каде гостува кај Ерменија, која во претходниот меч во Скопје ја победи со 2-0.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This