April 19, 2024, 10:36 pm

ТРАЈКО ВЕЛЈАНОВСКИ ДО ЗАЕВ: Нр правете некои потези кои се со краток ефект, а имаат трајни последици врз Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На чело на таа мала владина група не се затскривте зад едно колективно тело и цврсто решивте да го промените Уставот без оглед на сите последици кои ќе има Република Македонија, му се обрати Трајко Велјановски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ  и Коалицијата на Зоран Заев на денешната седница на комисијата за уставни прашања каде што се дискутира за Нацрт амандманите.

Велјановски актуелната ситуација како и однесувањето на Владата на СДСМ го поистоветува со една поговорка прашувајќи дали знаат како се јаде слонот и додавајќи дека тој цел не може да се изеде туку парче по парче, потенцирајќи дека и Заев го прави истото со Република Македонија.

Велјановски ги спомена изјавите на Зоран Заев давани минатите месеци каде што ја лажел целата македонска јавност дека нема да дозволи промена на уставното име, додавајќи дека и покрај тоа што тој сакал да ги излажe граѓаните тие биле многу попаметни од секој политичар кој постојано ги менува изјавите и ставовите.

Заев во јуни вели „додека ме држи памет нема да дозволам промена на Устав“. Во топ тема Заев вели нема промена на Уставот. Во февруари 2018 вели: не гледам потреба за промена на уставот. При посета во Струга имате изјавено: СДСМ цврсто ќе стои на црвената линија, нема промена на име, устав и идентитет, изјави тој.

Велјановски го прочита амандманот 33 во кој се вели дека во Уставот на Република Македонија името ќе се менува во Република Северна Македонија.

Тој додаде дека доколку географската одредница била пред Република било во ред, но сега кога е Република Северна Македонија, се менувал и идентитетот каде што граѓаните ќе бидат северно македонци.

Велјановски го праша Заев зошто се внесувал и Рамковниот договор кога еднаш веќе кажал пред граѓаните дека Рамковниот договор нема да биде внесен во амандманите и уставот.

Лошо е што со некакви математики и некакви игри што ги правте во врска со промена на уставното име се непринципиелни, задкулисни. Знаеме што се случи на првото ласање и со такви игри ќе имате краток ефект. Ќе завршите работа, ќе го исполните она што го имате ветено, ќе ве потапшаат по рамо и ќе ви кажаат браво го завршивте тоа што го ветивте. Но, ќе има трајни последици за Република Македонија. Наша е наследена ние е, треба да ја оставиме на идните генерации. Ако вака правеле и претходните тогаш ќе ја немало до сега Македонија. Затоа барем за вакви работи да не правиме некои потези со кратки ефекти а со трајни последици, заврши Велјановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This