ТРАЈКО СЛАВЕВСКИ: ВМРО-ДПМНЕ јасно кажа дека е подготвена за предвремени парламентарни избори уште веднаш

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште и на 19-ти октомври ВМРО-ДПМНЕ јасно кажа дека е подготвена уште веднаш за предвремени парламентарни избори, појасни Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој гостуваше вчера на емисијата „Отворено на Алфа“.

При самото гостување на Славески на емисијата „Отворено на Алфа“, водителката го праша дали партијата навистина е подготвена за предвремени парламентарни избори имајќи го на ум влогот на меѓународната заедница за процесите.

Славески одговори дека не го знае каков е ставот на меѓународната заедница и односно колку тие влијаат на одлуките што СДСМ и ДУИ треба да ги донесат во врска со барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори.

-Но само ја да потсетам дека и пред почетокот на целокупната процедура за уставните измени односно пред 19-ти октомври ВМРО-ДПМНЕ јасно кажа дека е подготвена уште веднаш за предвремени парламентарни избори. Тогаш постоеше можност ако не се случија оние криминални уцени на пратеници и други засегнати за да постигнат потребно мнозинство за отпочнување на процедурата за промена на Уставот и ние јасно излеговме дека сме подготвени за избори, посочи Славески.

Славески потенцира при самото гостување дека таков е случајот и сега, дури мисли дека е обично политиканство, односно перење на совеста на сите оние претставници на СДСМ кои што тврдат дека наводно овдека има барање без да речеме желба за да се добијат предвремени парламентарни избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This