March 28, 2024, 10:33 pm

ТРГНИ СЕ ОД ТУКА, ТАТКО МИ ГО УБИЈА ВО 2001!: Дамовски сведочи за хаосот кој настана откако обезбедувањето на Заев извади пиштол во Собрание!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хаосот кој следеше не можеше да се контролира, сите обиди за разумно однесување резултираа со гневни реакции, се обидов да застанам меѓу полицијата и најгневните, ме тргаа и туркаа, младо момче бесно ми се внесе в лице викајќи ” тргни се од тука, татко ми го убија 2001!”. Ме исфрлија на страна, мирот не беше нивен пат и начин, пишува Борис Дамовски од „За заедничка Македонија“ на Фејсбук.
damovski-2-640x368

-60 дена мирни протести и никој од тие што требаше да ги чујат постојаните повици за мирно и институционално решавање на кризата не се одзва. 60 дена постојано уверување на демонстрантите истомисленици дека мирниот начин е единствениот пат кој ќе вроди со плод. На шеесетиот ден, годишнината на Вејце, се пееше химна на туѓа држава во Македонското собрание, странски амбасадори шетаа по собраниските ходници храбрејќи пратеници да извршат државен удар. Додека зад бината на Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија пред собранието, како и секој ден, спремаше културно уметничка програма, во собранието почна со остварување планот за разнебитување на Македонија. Маса луѓе пред наши очи влетаа во собранието. Се случи точно тоа од што се плашевме, трпението на луѓето попушти под серијата понижувачки провокации. Хаосот кој следеше не можеше да се контролира, сите обиди за разумно однесување резултираа со гневни реакции, се обидов да застанам меѓу полицијата и најгневните, ме тргаа и туркаа, младо момче бесно ми се внесе в лице викајќи ” тргни се од тука, татко ми го убија 2001!”. Ме исфрлија на страна, мирот не беше нивен пат и начин. Мирот не беше ни пат ни начин на пратениците кои го извршија државниот удар. Брзината со која тој чин доби странска поддршка кажува дека тоа не е македонскиот пат. Настрвени се на оваа земја, предолго за нивните апетити не се откажуваме од неа. Толку омраза и зло едно ИМЕ не доживеало во светската историја. Македонија не е на продажба, но некои македонци се. Ништо ново, не ни е прв пат да го видиме. Долго време ќе треба да ги откупиме глувите за љубов трговци на своите души. Зад овој мал рид на настани и околности се крие вистината за судбината на Македонија. Кој не сака или не знае да го искачи тој рид, подобро нека научи да се чувствува како било што освен Македонец, е статусот на Дамовски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This