ТРГНУВАМЕ ВО ОФАНЗИВА, МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА СЕ БРАНИ: ВМРО-ДПМНЕ тргнува во офанзива против планот за федерализација!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Масовно се мобилизира членството на владеачката и победничка партија на последните предвремени парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ, а општинските и местните комитети на партијата вријат со активности

proslava-vmro-izbori-2016-18-custom

„Тргаме во офанзива, нападната ни е Татковината, Македонија треба да се брани.“ – гласи пораката со која надлежните во општинските ограноци на партијата го мобилизираат членството денес.

Дека партијата масовно ќе го мобилизира родољубивиот народ, покажува и тоа што партијата денес има голем број на состаноци на високите партиски тела.

Според информациите, до сите општински комитети од вчера пристигната е насока во текот на денешниот ден да се свикаат состаноци на општинските партиски ограноци во проширен состав на кои ќе се координираат следните чекори по намерата на СДСМ и ДУИ да ја редефинираат Македонија.

VMRO-se-mobilizira

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

„Во текот на утрешниот ден треба да одржите итна седница на Општинскиот комитет во проширен состав, со сите претседатели на месни комитети. Уште од вечер известете ги сите членови задолжително да бидат присутни на состанокот што значи вечерва и утре од сабајле преку итни кол-центри да ги информирате. Насоки по однос на темата на состанокот ќе доставиме во текот на утрешниот ден. Тргаме во офанзива, нападната ни е Татковината, Македонија треба да се брани. Следува бурен период, пролет со многу енергија и борба за ВМРО и Македонија. Ќе победиме!

Да живее ВМРО, да живее Македонија!!!“ – стои во пораката која вчера попладне била испратена до членството.

[/kopa_block_quote]

 

Од ВМРО-ДПМНЕ ја потврдуваат информацијата дека членството се мобилизира, но не истакнуваат повеќе детали.

 

 

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This