ТРГОВСКА АНАЛИЗА: „Више ја него ти, па чемо се вољети“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се рушат како кула од карти убавите песни на Заев и Димитров за добрососедство, напредок, гледање во иднина, закопување на воените секири, ревидирање на историјата итн. Од пред некој ден, целосен демант ни стигна и од Косово. Да се изразиме со уличен речник – на маса ни го извадија „таквоото“. 

Да потсетиме:

  1. Косово е земја која не ја признаваат пет членки на Европската Унија што значи дека нема европска перспектива.
  2. Косово не е членка на Обединетите Нации

Од пред некој ден Косово еднострано ни воведе 30% царини на 21 земјоделски производ. Овој наш сосед ова не смее да го прави затоа што има потпишано договор за слободна трговија со Р.Македонија, и е спротивно на правилата на СТО како и правилата пропишани од ЦЕФТА. Да потсетиме, и Македонија и Косово се земји членки на ЦЕФТА. Покрај тоа, ограничувањето на трговијата со царини или со т.н. вонтарифни бариери е спротивно и на европската регулатива. Европа бара рушење на граници, укинување на царините, и слободен проток на стока, луѓе и капитал. Косово се однесува сосема спротивно.

Јас сум убеден дека на крајот Косово ќе мора да попушти и да ги укине своите царини, но тоа ќе го направи отприлика после реации од наша страна, од ЕУ, СТО како и претставниците на ЦЕФТА. За да се покрене целата оваа машинерија ќе требаат најмалку 30-40 дена, а тоа значи да помине сезоната за продажба на земјоделските производи. Со ова се прави непроценлива штета на земјоделството во Р.Македонија, а Косоварите се прават наивни. 

За оваа работа се реагира веднаш, и веднаш се воведуваат контра-мерки, и тоа не трговски туку Македонија треба да воведе влезни визи за граѓаните на Косово, како и еколошка такса и се останато што е потребно, па да ги видам како ќе патуваат за Грција, Турција, Бугарија за да другпат не им текне да повлечат ваков потез. Како ќе транзитира оваа стока кон нивната држава, и истата контра мерка да продолжи да важи по повлекувањето на царините од нивна страна. Значи, мора да се игра око за око – заб за заб.

Ова ви го говорам како поранешен министер за економија, затоа што и во мое време, во дамнешната 2004. година, северниот сосед се обиде да ни воведе заштити царини на нафта и нафтените деривати. Тоа беше пробен балон но тогаш сеуште се применуваше договорот потпишан со Р.Србија уште од времето на Слободан Милошевиќ. Се сеќавам, патував од Крива Паланка и со мојот возач претекнавме голема колона со цистерни. Го замолив возачот да ги запали ротационите светла и да ја вклучи сирената и запревме колоната. Потоа го замолив тој да отиде и да поразговара со возачот кој беше на чело на колоната, да објасни што превезуваат и за каде возат. Тој објасни дека превезувале нафтени деривати за Косово и транспортот оди од Бургас до Приштина. Ова значеше дека се заобиколува скопската рафинерија „Окта“. Утредента се јавив во „Окта“ што е причината, зошто се увезува нафта од Бургас, а тие ми одговорија дека Косово вовела царини за увоз на нафта и нафтени деривати од Р.Македонија. Веднаш обавив телефонски разговор со тогашниот висок претставник на ЕУ Петерсон и побарав итна средба уште наредниот ден. За среќа со мене беше и државниот секретар, одличниот познавач на трговијата и трговските правила, госпоѓата Цветановска. На Косоварите им објаснивме дека тие погрешно го читаат договорот потпишан со Србија кој што тие го применуваат, затоа што можеме ние нив да им воведеме царини, а не тие нас. Претставниците на Косовската влада се обидоа да се спротивстават на нашите тврдења, но стручно им објаснивме дека прават сериозна повреда и дека за ова ќе ги известиме не само надлежните во Брисел, туку и дека веднаш ќе им воведеме сериозни контрамерки кои што нема да ги повлечеме во наредните шест месеци. Како попчиња уште наредниот ден, ни се извинија и не известија за непријатноста настаната со воведување на царините. Ете така се брани држава.

Сега се поставува прашање кој од страна на Р.Македонија потпишал договр полош од оној што го имавме со Србија? Зошто? – Затоа што ние бевме тие кои го признававме Косово, ние имавме поволна позиција, ние ги диктиравме условите. Извонредно поволните услови на договорот со Србија, а кој се спроведуваше по аналогија и со Косово, беше потпишан за време на ембаргото кон Србија од страна на министерот Бесник Фетаи. Тогаш Србија беше во тешка ситуација и им требаа стоки како и суровини и репроматеријали, и енергија за нивното стопанство и затоа овој договор беше исклучително поволен за Р.Македонија.

Косово молеше за признавање од Р.Македонија, како и за демаркација на границите. Значи ние сме можеле да извлечеме поповолен договор од оној што сме го имале со Србија. Ова е сериозно прашање за обвинителството, кој е тој што потпишал ваков договор и ја донел Р.Македонија во ситуација како што сега се наоѓа. Од 200 тони дневна продажба на земјоделски производи на Косово, паднеме на само 30-тина.

Е, почитувани пријатели, Грција ни покажа како се бранат национални интереси, а ние покажавме како се продаваат. Нашите односи со соседите, како и нашата надворешна политика, се одвива како песната: „Мало ја, мало ти – више ја, него ти па чемо се вољети“.  Очигледно за добрососедството и дружбата повеќе даваме ние, ама овие околу нас се помалку не сакаат. 

Инаку, почитувани пријатели, би сакал во оваа пригода да потсетам на фактите. Македонија му дозволи на НАТО слободен прелет на неговите авиони да ја бомбардира Југославија и да го ослободува Косово. Македонија дозволи формирање на воени бази на НАТО во Петровец и Катланово, како и во Куманово од каде требаше да се изврши и евентуален копнен напад на Србија. Примивме повеќе од 300.000 бегалци од Косово, исклучиво Албанци, Турци и Роми, од кои околу 400 ромски семејства останаа да живеат во Македонија до ден денес. Ја демаркиравме границата со Косово, и го признавме Косово како независна држава. За возврат 2001-та година добивме извоз на „револуционери“ кои ја дестабилизираа Македонија. Голем дел од сторителите на тешки кривични дела во Македонија, наоѓаат прибежиште во Косово, а ние имаме проблем со екстрадицијата. Ни се случи караула Гошинце, како и Диво Насеље.

Најново е воведување на царини на увоз на земјоделски производи од нашата држава.

Можете ли да замислите овие работи да требаше Косово да ги направи за нас и да требаше да не признае како независна држава, што се ќе побараше од Македонија. Каде е овде проблемот? – Во нас, се разбира. Ќе дојдат вакви наивковци како Димитров и Заев и ќе испотпишат се и сешто, без било каков услов, ќе бидат потапкани по рамо, прогласувани за личности на годината, а ние потоа со векови ќе трпиме штета од нивната анационална политика. Штом ги слушаш странците, вака ќе поминуваш со сите соседи. Кога Косово нас успева да не стави шише, што остана за Бугарите и Грците согласно штетните договори што ги потпишавме минатата и оваа година.

Го видовте ли само како кроти Димитров кој ја учи владата на Косово, ако правиш добро за себе, не треба да му правиш лошо на соседот. Бре мајкатааа! Косоварите не знаат дека со ова ни прават штета, нели? Намерно го прават, штитејќи го нивното земјоделско производство. Исто вака кроти и министерот за економија кој вели дека ќе анализирал, ќе се консултирал со министерот за земјоделие, ќе ги известува меѓународните организации, ама се плаши да предложи контра-мерки. Зошто ли се плаши? Да не ја налути владата на Косово? Па од кого зема плата, од кои даночни обврзници, од кои земјоделци? Од косовските или македонските?

Претходно Русија ни запре увозот на лубеници од Македонија, затоа што овој увоз одеше преку Србија. Русија со Србија има договор за слободна трговија со царинска стапка 0, но само за српски производи, а бидејќи се работи за производи по потекло од Р.Македонија, Русите кажаа „браќа Македонци, побарајте земјите членки на НАТО да купат лубеници и дињи, не Русија – со Русија вие имате воведено царина и сеуште ви се на сила визите“.

Со ова на дело се покажува штетната меѓународна политика која што ја води Владата на Р.Македонија и таа директно се одразува врз стопанството, а особено врз земјоделието. Не ми е јасно како ли овие луѓе очекуваат раст на БДП од 2.6% кога ги запреа автопатиштата, високоградбата со поништувањето на ДУП-овите, царините и ембаргата што ни ги воведуваат за земјоделски производи – сето тоа ќе придонесе за уште поголемо разочарување на Македонските граѓани и уште поголемо иселување од земјава. Затоа што за да останеш во државата мора да видиш дека има влада која ги штити твоите, а не туѓите интереси.

Сосема на крај, надлежните институции мора да го проверат договорот со Србија кој се применуваше и на Косово и новопотпишаниот договор со Косово и да се утврди виновникот за направените штети.

Пишува:
Стевчо Јакимовски

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This