ТРГОВСКА ВОЈНА ПОМЕЃУ САД И ЕВРОПА: ЕУ подготвува “троен удар” за Америка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европскиот комесар за трговија, Сесилија Малмстром, му вети на Вашингтон “троен удар” во случај на воведување на царински давачки за челик и алуминиум од ЕУ.

“Сега нашиот приоритет е дијалог на највисоко ниво”, рече Малмстром, во интервју за германскиот весник Франкфуртер објаснувајќи дека Брисел смета на продолжување на преговорите. Меѓутоа, ако САД не ја отфрлат безусловната идеја за воведување царини на 1-ви мај, Европа ќе мора да преземе мерки.

“Тројниот удар” подразбира контактирање на Светската трговска организација, мерки за поддршка на европските производители и воведување на царински давачки за стоки од САД и не само на челични производи, туку и на производи како сок од портокал, виски, фармерки и мотоциклите “Харли Девидсон”.

На иницијатива на Доналд Трамп, САД на 25 март наметнаа нови царински давачки за челик и 25 отсто за алуминиум. Ова важи за сите земји што ги извезуваат овие производи во САД, освен за Австралија, Аргентина, Бразил, Канада, Мексико, Јужна Кореја и другите земји на ЕУ за кои царините се одложија до 1 мај.

Европа смета дека барањата на американската администрација се неприфатливи и не можат да се реализираат.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This