ТРГОВСКА ВОЈНА СО СРБИЈА РЕЧИСИ НЕИЗБЕЖНА: Расим Љајиќ најави контрамерки за Македонија по 14-ти април

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако до 14 април не се најде трајно решение за извозот на брашното во Македонија, Србија ќе воведе контра мерки, соопшти денеска министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ.

Гостувајќи во утринската програма на ТВ Н1, Љајиќ рече дека Србија ќе биде трпелива зашто трговската и царинската војна не се во интерес на двете земји.

– До 14 април мораме да најдеме трајно решение за извозот на брашното во Македонија. Воведувањето контра мерки, за жал, се уште е опција. Ние имаме трпение, не сакаме да влеземе во трговска и царинска војна, да воведуваме контрамерки, бидејќи тоа не е во интерес на стопанството и на меѓусебните односи. Јас им кажав да не не тераат тоа да го направиме, но тоа навистина ќе го сториме овој пат ако не најдеме трајно решение, истакна српскиот министер и најави нов состанок во Скопје за две недели.

Според него, проблемот со брашното го прават тројца мелничари од Македонија кои, како што напомена, имаат економско и финасиско влијание со што успеваат да наметнат вонцарински бариери.

Се бара модел, дополни Љајиќ, за трајно решение за да не се повторува проблемот секоја година.

– До 14 април е крајниот рок кога мораме да најдеме трајно решение за овој проблем. Во понеделник имам состанок со нашите мелничари бидејќи сето ова го правиме заради нив, а не поради политички намери, да видиме дали постигнатото решение се спроведува. Ќе бидеме трпеливи до 14 април и повеќе нема да бидеме трпеливи, порача српскиот министер.

Негова оценка е дека постојат неколку модели за решавање на проблемот, меѓу кои, потполно укинување на маркичките и трајно признавање на сертификатите.

На разгворот со македонскиот министер за замјоделство Љупчо Николовски не беше постигнато конечно решение и затоа, нагласи Љајиќ, се формира Мешовитиот комитет.

– Пред два дена во Белград се одржа состанок на Меѓувладиниот комитет со релеватни институции од Србија и од Македонија. Говоревме генерално за олеснување на трговијата, а не само за брашното и за останатите прашања. Направивме исчекор и за две недели би требало да го продолжиме тој дијалог во Скопје, подвлече српскиот министер.

МИА

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This