ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕТЕ ОВОЈ ТРИК: Како да дознаете дали чашата за пиво е нечиста?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистинско задоволство е да се пие пиво од ладна, убава чаша или кригла која само додава на искуството со убавиот изглед. Но, понекогаш чашите и криглите можат да бидат нечисти, па тоа може да ви го уништи уживањето.

Кој е најлесниот начин да дознаете дали чашата во која го пиете пивото е добро измиена?

Всушност, многу е едноставно, само треба да го знаете овој трик.

Откако ќе ви го послужат пивото, проверете дали меурчињата од јаглерод диоксид остануваат залепени за чашата или се движат низ неа. Доколку меурчињата шетаат наоколу, не грижете се, тоа е сосем нормално. Но, ако меурчињата остануваат залепени за чашата, тогаш тоа е резултат на недоволно добро измиената чаша, и меурчињата се лепат на некоја нечистотија или пак останат детергент кој се залепил таму. Во двата случаи, не е препорачливо да продолжите да пиете од истата чаша или кригла.

Ова најчесто се случува со чашите и криглите кои поретко се користат, па најверојатно на нив останала прашина. Сепак, шанкерите и келнерите треба да бидат многу внимателни во какви чаши сервираат пиво.

Во чиста чаша, меурчињата не се лепат за страните на чашата туку пловат нагоре за да се приклучат на пената. Така што, ако следниот пат кога ќе отидете на пиво чашата изгледа како на сликата погоре, побарајте од келнерот да ви донесе пиво во друга чаша, освен ако не сакате да вкусите каков кармин имала девојката која пиела од истата чаша пред вас.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This