March 29, 2024, 12:26 am

„ТРЕБА ДА И СЕ ИЗВИНИШ НА МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ“: По скандалот во „Ѕвездите на Гранд“, Адам Лабунски не помина лесно ниту на Инстаграм!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изминатата емисија од вториот круг во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ беше доста тензично и напнато, особено за македонскиот кандидат Адам Лабунски.

Како што пишувавме и претходно, неговиот татко Ибро кој беше негова поддршка, влезе во конфликт со судијата од жирито Ѓорѓе Давид и беше навистина густо.

Додека неговиот татко тврдеше дека Адам е веќе ѕвезда, Ѓорѓе не му остана должен на ваквиот коментар за синот, а се надоврза и Саша Поповиќ кој кажа дека Адам веќе три години бил неуспешен во „Ѕвздите на Пинк“.
Ибро Лабунски повторно се спротистави на ваквиот негативен коментар и додаде дека тоа не било така, туку напротив, Адам во тоа шоу постигнал голем успех.

Се викаше многу, а Ѓорѓе Давид неколкупати побара од режијата да му го исклучат микрофонот на Ибро.

За целото време, Адам се препотуваше, а згора на тоа го искритикуваа и што не ја отпеа песната која му ја одредила менторката Марија Шерифовиќ, туку си избрал сам.

Поради ова, по емитувањето на емисијата, Адам постави фотографија на Инстграм, каде не помина лесно со критиките и советите од своите следбеници.

„Мислам дека требаше јавно да и се извиниш на Шерифовиќ, супер си пејач, ова беше непочитување кон твојот ментор, гласи еден од коментарите, а друг пишува:

„Мене не ми делува како ѕвезда. Можеби грешам, но мислам дека многу полета“

„Јас да сум на твое место, би се извинила на Марија. Само напред, поздрав, му порачаа на нашиот кандидат Адам Лабунски на Инстаграм.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This