ТРЕВОГА ЗА ОПАСНОСТ : Издадено предупредување за цунами по земјотресот од 6,8 степени во Грција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тревога за опасност од цунами е издадена утринава на брегот на Средоземно море по силниот земјотресот од 6,8 степени што го погоди јужниот дел на Грција, соопшти европскиот сеизмолошки центар.


Нивото на морето се менува во близина на Грција и се формира цунами, се наведува во пораката испратена на твитер.

Се стравува дека брановите би можело забрзано да пораснат и затоа е побарано од луѓето да останат подалеку од плажите.

Епицентарот на земјотресот, што се случил околу еден часот по полноќ, бил на околу 290 километри западно од Атина и на длабочина од 10 километри во јонското море, во близина на островот Закинтос.

Грчките медиуми јавуваат дека снабдувањето со електрична енергија на островот било прекинато неколку часа, а исплашените жители излегле на улиците.

Во истиот регион следувале и претходеле уше неколку последователни земјотреси со силина од 4,8 до 6 рихтерови степени.

Нема информации за жртви и повредени, но причинета е материјална штета.

Најсилниот потрес бил почувствуван и во Македонија, Албанија и Италија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This