„Тресе“ Бранко, а? Допрва ќе видите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мислев дека многу добро го познавате, ама сум се излажал. На никој никогаш не му останал должен, па нема ниту на вас.

Не го каневте на годишнини, на прослави, на конгреси, на разни промоции на кандидати за пратеници, градоначалници, на митинзи.

Не се посоветувавте ама баш за ништо со него, за да го искористите неговото искуство, остроумност, ниту за најкрупните одлуки.

Напротив, на почетокот тивко и срамежливо се дистанциравте од него, за подоцна јавно да го нападнете и понижите. Не знам, ‘„потрошен“, ваков, онаков…

Заборавате дека тој е иконата на СДСМ и дека така ќе остане засекогаш, колку вие и да не сакате или одбивате тоа да го сварите.

Впрочем и Зоран Заев и Радмила Шекеринска се непослушните деца на БЦ. Тие беа поголеми бранковисти од мене, од вас, и ги добија најголемите партиски и државни функции.

Ама заборавивте…

ите ние кои во изминативе години покажавме почит кон Бранко, нè направивте државни и партиски непријатели. Како никогаш да не сме биле дел од СДСМ.

Мислев дека многу добро го познавате, ама сум се излажал. На никој никогаш не му останал должен, па нема ниту на вас.

И сега, нормално е да стравувате повеќе од БЦ, отколку од ДПМНЕ.

Старите велат, кој што дробел, ќе си срка…

Некој рече, ‘„тресе“ Бранко.

Јас велам, допрва ќе „тресе“.

Фејсбук статус на Томе Милошевски

Авторот е долгогодишен началник во МВР и поранешен помошник министер. Тој на јавноста и е познат од времето кога во мај 2015 година, за време на најголемите протести против тогашната владејачка гарнитура, побара од професионалците во МВР да и откажат послушност на екс министерката Гордана Јанкулоска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This