March 29, 2024, 12:26 pm

Третата руска вакцина на пазарот во март

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вакцината против вирусот корона, развиена од Федералниот научен центар за истражување и развој на имунобиолошки препарати „Чумаков“, може да влезе во цивилниот сообраќај во март, изјави директорот за развој на овој научен центар, Константин Чернов.

Центарот во моментов ја завршува втората фаза од клиничките испитувања на новата вакцина. Ефективноста на инактивираната вакцина се испитува кај волонтери.

„Нашата (вакцина) може да се очекува во цивилниот сообраќај, веројатно некаде во март“, рече Чернов за телевизијата „Русија 1“.
Тој изрази надеж дека новата вакцина ќе биде најсложената.

„Досега, повеќе од 50 различни протеини се пронајдени во вирусот. Кога ќе го претставиме целиот спектар на сè што е таму на телото, очекуваме дека нашата заштита ќе биде посеопфатна“, додаде научникот.

Руската вицепремиерка Татјана Голикова на 15 јануари изјави дека се надева оти вакцината против вирусот корона развиена од Центарот „Чумаков“ исто така ќе биде вклучена во програмата за вакцинација за населението .

На 25 септември 2020 година, Центарот Чумаков доби дозвола од Министерството за здравство на Русија за клинички испитувања на вакцината врз волонтери. Клиничките испитувања започнаа во Киров во октомври. Во испитувањата учествувале 70 лица на возраст од 20 до 47 години.

Покрај тоа, во октомври, министерот за индустрија и трговија на Русија, Денис Мантуров, изјави дека производството на третата вакцина против вирусот корона во Русија може да започне во 2021 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This