ТРЕТА СРЕЌА ЗА ЛИЛА ФИЛИПОВСКА: Водителката по трет пат кажа „Да“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако неколкупати досега кажа дека тешко би се одлучила повторно да заплови во брачните води, ТВ водителката Лила Филиповска по третпат во својот живот кажа „ДА“.

Имено, вчеравечер, денот на вљубените беше вистинската прилика за оној кој го освои нејзиното срце да и подари свршенички прстен и да и даде брачна понуда.

„Дали да кажам „да“, гласи описот на фотографијата на која таа се пофали со прстенот на нејзината рака, а пак бројните следбеници и посакаа среќа и кажаа дека штом прстенот е веќе на нејзината раката, тогаш сигурно ја прифатила понудата.

Св. Валентин таа го дочека дома, а од саканиот доби многу ружи во форма на срце како и црвени балони.

Сепак, за овој важен ден од нејзиниот живот не откри кој е човекот што направи да се реши на ваков чекор, па останува мистерија кому му го подари своето срце.

Инаку, ова ќе биде трет брак за водителката, а од првиот пред 20-тина години го има својот син Филип.

vistina.mk

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This