ТРЕТ ДЕН ЦЕЛ ПРИЛЕП НА ПРОТЕСТИ: Поддршка за унитарна Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Под мотото „За заедничка Македонија“ трет ден се одржуваат протесни собири во Прилеп. Од здруженијата „Пере Тошев“, „Прилепски бранители“, „Карпалак“, „Андон Ќосето“ и здружението „Патриот“ кои ги организираат протестите, велат дека целта е да се пратат пораките за унитарна, заедничка Македонија на сите граѓани, еднојазична и без прифаќање некакви платформи составени надвор од државата

 

protest-prilep

Собраните граѓани протестираа по булеварот „Гоце Делчев“, од  споменикот „Прилепски бранители“ до споменикот „Карпалак“.
Според Ивица Ангелески од здружението „Пере Тошев“, се разбуди петриотскиот дух во народот.
– Многу ми е мило што граѓаните се освестија, се разбуди патриотскиот дух за да ги одбрани Македонија, македонскиот јазик и македонскиот суверенитет. И понатаму, без разлика на партиската, верска припадност сите што сакаат да живеат во една држава, сплотени, ќе ни се придружат во мирните протести. Но, никако нема да дозволиме да ни наметнуваат некакви платформи создадени во други држави, изјави  Ангелески.
prilep-1-1-640x360
Прилепчанецот Мирко Дамчески се приклучил на протстите за една Македонија. – Пораката е унитарна, една Македонија која им припаѓа на Македонците, рече Дамчески.
prilep-2-1-1-640x360
Гоце Стефаноски од здружението „Прилепски бранители“ информира дека протестите продолжуваат. 
– Ќе продолжиме со протести додека не си ја зачуваме Македонија таква каква што е и каква што си ја сакаме, каква што ни ја оставиле нашите предци. Поддршката од граѓаните е голема, рече Стефаноски.
На крајот од протестниот марш на насобраниоте им се обрати и музичарот Сашо Гигов Гиш.prilep-3-1-640x360

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This