Трикови за потопол дом

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За време на зимата, најважно е нашиот дом да е топло и удобно место за престојување. Токму затоа, ви откриваме неколку мали трикови за вашиот дом да биде потопол оваа зима.

Покријте ги подовите

Теписите не се важни само заради визуелниот впечаток, туку и заради задржување на топлината. Десетина од топлината оди во долниот дел од собата, па како што плочките може да ви одмогнат во загревањето, така теписите може да го олеснат.

Затворајте ги вратите од собите кои не ги користите

Ако ја затворите вратата нема само да ја спречите топлината да се шири, туку и студенилото од другите соби да влезе во просторот каде што сте. Доколку имате голем простор помеѓу вратата и подот, не заборавајте да го пополните со мека ткаенина која нема да ја пропушти ниту топлината, ниту студениот воздух.

Разместете го мебелот

Седечката гарнитура тргнете ја подалеку од прозорците, затоа што тој дел од собата секогаш е најстуден, а истото важи и за надворешните ѕидови. Сепак, од друга страна треба да внимавате да не го потпирате мебелот на радијаторот, за да не го спречите ширењето на топлината.

Фолија

Обичната алуминиумска фолија може да биде од голема помош. Ако задниот дел од радијаторот го облепите со фолија, топлината ќе се одбива кон внатрешноста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This