ТРИПУНОВСКИ: Додека земјоделците протестираат на минусни температури, господава во кафеана со жива музика, платени со народни пари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членот на Извршниот комитет на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМННЕ, Цветан Трипуновски упати низа критики поради начинот на кои СДСМ раководи со министерството за земјоделие. Имено тој споделувајќи  линк од вест на нашиот портал, во која коментираме како додека земјоделците се на улица протестирајќи за подобар живот, функционерите од СДСМ поставени во министерството за земјоделие се во кафеана, вели дека тоа е уште еден доказ дека СДСМ само декларативно се залага за правата и подобар живот на земјоделецот.

Трипуновски напоменува дека цела година земјоделците се на улица и расте незадоволството од неисполнетите ветувања на власт, ветувања од кои според него останало само едно големо ,,Ќе”.

-Почитувани , Еве уште еден доказ дека владата на СДС само декларативно се залага за правата и подобар живот на земјоделците.Цела година плач и лелек одекнуваше во секое село во Македонија а оној што петекнувал од село како предизборно така и изминатава година останаа само на едно големо ЌЕ .
И додека денес земјоделците протестираат на минусни температури и господава јадат и пијат на богата трпеза збогатена со музика на уво и нормално ќе платат со народни пари .
Доста беше ги поминавте сите граници !

Време да си заминете додека не го уништите целосно земјоделството со вашата незаинтересираност ,некадарност и неспособност, коментира Трипуновски на својот Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This