ТРИПУНОВСКИ ЗА AHТИКРИЗНИТЕ МЕРКИ НА СДСМ И ДИМКОВСКИ: Тешка импровизација од типот колку нешто да се понуди и не значат никакво рeшение на проблeмите на земјоделците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски во вечерашното гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа, обвинува дека дел од пакет мерките за аграрниот сектор кои што минатата недела ги презентираше министерот од СДСМ Трајан Димковски не значат никаква помош ниту решение за проблeмите на македонските земјоделци.

Комуникацијата со Трајан Димковски е на нула. Во конкретниот случај, во овој што е понуден трет сет на мерки во кои што се вклучува и аграрниот сектор, не бев консултиран и можеби токму затоа овие мерки се такви какви што се, паушални и не го рeшаваат проблемот на македонскиот земјоделец, вели Трипуновски.

Трипуновски смета од безидејност, визија и стратегија на власта и Димковски, се нудат пакет мерки кои што веќе постојат, укажувајќи на помпезно најавуваната зелената нафта која што е ветување од предвремените парламентарни избори од 2016 година, како и мерката поддршка на аграрниот сектор преку развојна банка која што е веќе активна и се користи.

Овие 7 до 8 мерки кои што власта ги предлага едноставно не го решаваат проблeмот на македонскиот земјоделец. Дел од овие мерки како зелената нафта до вчера беше проект односно ветување од предвремените избори во 2016 а денеска преку ноќ стана економска мерка за подобрување на аграрниот сектор. Значи од безидејност, немање на визија и стратегија на аграрниот сектор се нудат решенија кои што нема да го решат земјоделскиот проблем, односно нема да го подобрата статусот на македонскиот земјоделец. Првата мерка односно поддршка на аграрниот сектор преку развојна банка, овде гледаме планиран почеток е мај-декември, меѓутоа треба Трајан Димковски и владата да бидат искрени дека оваа можност за поддршка преку развојна банка веќе се користи, таа е активна компонента, тука и преработувачите и примарниот сектор можат да ја користат оваа мерка. Сакам да кажам дека ова е една тешка импровизација која што само сака да се понуди колку нешто да се понуди, потенцираше Трипуновски.

Трипуновски истакна дека во моментот министерството е во минус од 70 милиони евра како последица на неисплатени субвенции од претходните години.

Во моментот програмата за директни плаќања во министерството е во минус од околу 70 милиони евра. Тоа се пари на неисплатени субвенции од претходните години, рече тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This