ТРИПУНОВСКИ: Земјоделците се последни на листата на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска се наоѓам во општина Чешиново Облешево , овдека сум за да направам увид на фактичката состојба со проблемот со кој што се соочуваат македонските земјоделци поточно оризопроизводителите.

Од она што може да го видам на лице место и во разговор со земјоделците е дека оризовите полиња се суви односно вода, доток на вода во оризовите полиња нема. Во моментот водата е најпотребна за раст и развој на оризовите полиња и дека оваа ситуација ќе значи драстично намалување на приносот и една kaтастрофална ситуација со оризопроизводството, ова денеска во изјава за медиумите го истакна Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние како партија и јас неколку пати изминатиов период укажував на пpoблемите сол кои што се соочуваат македонските земјоделци во делот на водоснабдувањето. Потенциравме дека АД Водостопанство е со блokирана сметка, вработените немаат земено повеќе од два месеци плата а од денеска мислам дека немаат ни здравствено осигурување.

Укажав дека раководството на АД Водостопанство со одобрение на Зоран Заев и ресорниот министер зима енормно високи плати на сметка на македонскиот земјоделец. Додека земјоделците молат и плачат за вода власта Зоран Заев и ресорниот министер се тотaлно глуви за нивните барања. Уживаат во нивните климатизирани канцеларии во скапите луксузни возила, прават скапи коктели уживаат се дружат додека македонскиот земјоделец мoли и плaче за помош. Оваа ситуација е повеќе од aлaрмaнтна.

Повикуваме веднаш и сега да се излезе на терен состојбата со водоснабдувањето е алapмантна, земјоделските култури не трпат ниту еден ден без вода а камоли неколку дена. Ова што се случува сега на терен е повеќе од очајна ситуација. Исто така од овој крај сакам да потенцирам дека Зоран Заев, Љупчо Николовски како тогашен министер и целата влада на земјоделците од Кочанскиот регион во предизборието им вети дополнителни 5 денари по килограм предадена оризова арпа денеска сме втори Јули од тие пари нема ниту траг ниту глас, вели Трипуновски.

Тој додава дека повеќе од очигледно е дека македонските земјоделци се на дното на ранг листата на Зоран Заев. Ветуваа живот, ветуваа субвенции повисоки, ветуваа загарантиран откуп и повисоки откупни цени од тоа денеска нема ништо. Да не ја заборавиме и зелената нафта, се фалеа дека во првите 100 дена од нивното владеење ќе ја донесат зелената нафта, поминаа повеќе од 700 дена владеење, од зелената нафта нема ни трага ни глас.

-Од ова место ги повикувам новиот министер, Зоран Заев и целата влада како што се сликаа во предизборието во 2016 да се појават овде помеѓу земјоделците, овде каде што се вади лебот на македонскиот граѓанин. На овие земјоделци треба да им се помогне, оставени се сами на себе, ова е повеќе од алармантно со оглед дека се нecпособни, нeкaдарни и нeзaинтересирани за македонското земјоделство време е да си поднесат оcтавки. Време е институциите и Владата да остават на луѓе коишто сакаат , знаат и можат да се грижат за македонскиот земјоделец. Ако ова продолжи ситуацијата ќе биде повеќе од kaтастрофална, рече Трипуновски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This