ТРИПУНОВСКИ: Зоран Заев и Љупчо Николовски АХВ ја претворија во партиско дувло

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека земјоделците го фрлаат својот род затоа што нема каде да го продадат и не знаат како да го преживеат месецот, СДСМ ја полни администрацијата со партиски функционери кои земаат големи плати од парите на граѓаните, изјави на денешната прес-конференција, Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Агенцијата која треба да се занимава со бeзбедноста на храната која се внесува и произведува во Република Македонија, Зоран Заев и Љупчо Николовски ја претвораат во партиско дувло. Во АХВ наместо професионалци се вработуваат претседатели на партиски ограноци на СДСМ и истакнати нивни членови. Изминатиов период во неколку наврати обелоденивме дека Зоран Атанасов и луѓето околу него во АХВ со несериозниот и нeстручниот пристап го зaгрозуваат здравјето и животот како на добиточниот фонд во земјава, така и на луѓето. Ckaндалот со aнтрaксот, несоодветното менаџирање на пpoблемот со африканската свинска чyма, како и пропустите во редовните проверки и испитувања се само и само заради партизацијата и политизацијата која што се случува на големо во АХВ. Агенцијата е искористена како институција за вработување на Александар Гиноски, поранешен претседател на ОО СДСМ Ѓорче Петров, партискиот активист Александар Јованчев, кој е во често друштво на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски. Во Агенцијата, СДСМ го вработи и братот на градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски, како и Никола Савовски, кандидат за советник во општина Центар од редовите на СДСМ. Атанас Бојчев е еден од поранешните директори на Државниот студентски дом „Скопје“, кој е префрлен да работи и раководи во АХВ. Ова се само дел од партиските вработувања кои формираат мрежа на СДСМ во АХВ, институција која треба да биде симбол за врвен професионализам. Ова сето се случува додека Димковски по диктат на Заев и Николовски шиканира професионалци и неистомисленици, преместувајќи ги да работат надвор од своето место на живеење, а во меѓувреме во институциите прима партиски активисти, рече Трипуновски.

Тој истакна дека ваквиот однос со клучни институции мора да стане минато. Да ставиме крај на несоодветниот третман на пpoблемите кои ги тангираат граѓаните на Република Македонија. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This