April 24, 2024, 10:02 pm

ТРИПУНОВСКИ: Николовски да не ги лаже производителите,Владата итно да пушти субвенции за тутунарите, 

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата утре да ги пушти субвенциите за тутунарите и секој производител до денар да ја добие поддршката, побара денеска ВМРО-ДПМНЕ и го обвини ресорниот министер Љупчо Николовски за манипулација.

– За разлика од претходните години кога субвенциите ги добиваа првите месеци, тутунарите сега, особено оние од Прилеп, Новаци, Кривогаштани, се уште ги немаат добиено и тоа е огромна, директна штета за илјадници семејства. Дополнителен револт кај нив предизвика изјавата на Николовски минатата недела, дека субвенциите за тутунот се исплатени. Земјоделците со денови чекаа пред банките, но субвенциите не им се исплатени, рече денеска Цветан Трипуновски на прес-конференција.

Според него, на повеќе од половина тутунопроизводители се уште не им се исплатени субвенциите.

– Затоа го прашуваме министерот, зошто се направи илјадници граѓани да чекаат пред банките за да видат дека субвенции нема? Апелираме да не си поигрува со тутунопроизводителите и да не ги лаже. Жално е и срамно е да си поигрува со илјадници тутунопроизводители, на 40 степени да чекаат со часови пред банките за да сфатат дека се изиграни, укажа Трипуновски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This