ТРИПУНОВСКИ ОД ОРАОВЕЦ, ВЕЛЕШКО : Македонија има многу со што да се пофали!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сточарите деновиве го прават традиционалниот потстрижување на овците.

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска присуствува на традиционалниот стриг во велешкиот регион. Трипуновски во периодот зад нас со своите секојдневни теренски и секакви активности покажа дека во вистинска смисла е министер за земјоделие.

Тој покажа дека секаде и секогаш ќе биде во присуство на земјоделците, независно дали тоа ќе бидат вакви моменти каде е повикан за убаво, или пак за моменти каде е повикан за решавање на проблеми на земјоделците.

Сведоци сме изминатиов период дека Трипуновски се појави секаде каде земјоделците го побараа тоа од него и заедно со земјоделците алармираше од терен до власта за побрзо решавање на проблемите кои оваа година во огромна мера го најдоа земјоделието.

Инаку, во конкретнава ситуација денеска, стригот на овците се прави секоја година со цел олеснување на чистењето на нивната кожа, а истовремено и намалување на можноста за задршување на кожните паразити.Покрај оваа придобивка, исто така со стрижењето на овците се подобруваат апетитот, кондицијата и продукцијата кај овците, а се подобрува и работата на метаболизмот.

Покрај ова, волната е еден од исклучително важните производи од овците.

 

Денеска сум во Ораовец, велешко, на традиционално потстрижување на овците.Македонија има со што да се пофали. Нашата…

Posted by Цветан Трипуновски on Sunday, May 31, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This