ТРИПУНОВСКИ ОД ПЛАТЕЖНАТА АГЕНЦИЈА: Сакам лично да проверам зошто не се исплаќаат субвенции повеќе од две години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цветан Трипуновски, дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство денес на барање на Зејнула Сулејмани, земјоделец од Арачиново, кој лично побарал помош од заменик министерот, беше во платежната агенција. Посетата на Трипуновски беше со цел од права рака да се информира зошто Сулејмани веќе две години чека за исплата на своите субвенции.

Сулејмани, како што изјави Трипуновски, иако поседува уредна документација, и по неколку обиди не добил одговор од агенцијата далу му се одобруваат или не субвенциите.

Според мене во оваа институција работат многу вредни и чесни луѓе, меѓутоа проблемот јас го лоцирам во менаџерскиот тим кој што ја води оваа институција. Не само Платежната агенција, туку и министерството, изјави Трипуновски.

Трипуновски нагласи дека ова е само еден доказ дека имаме нeкомпетентни луѓе на работни позиции во институциите доаѓа на дело. Ова е еден доказ дека институциите работат споро по налог на овие менаџери.

Овој човек си ги чека редовно заслужените субвенции, одговор дури и да му се каже дека не му следуваат со објаснети причини, па понатаму истиот нека ги бара во судските инстанции да види дали навистина е во право или можеби институцијата е кpива.

Јас само сакам да потенцирам дека како денеска така и наредните денови, до 12 април постојано ќе бидам помеѓу земјоделците и ќе помогнам за вакви и било други ситуации кои што ќе излегуваат како нус појави во изминатиот период, затоа што мојата улога ќе ја одиграм како што треба а тоа ќе биде во интерес на земјоделците и на сите граѓани во Република Македонија, рече Трипуновски.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This