ТРИПУНОВСКИ: Приоритет за ВМРО-ДПМНЕ ќе биде аграрниот сектор и водостопанството

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во вечерашното гостување во еимсијата Што не е јасно на ТВ Алфа вели дека приорите на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде аграрниот сектор, како и делот на водостопанството обвинувајќи дека 2020 година ќе биде уште полоша за земјоделците, укажувајќи дека и покрај тоа што наводнувањето е во полн ек, Акционерското друштво кое што е надлежно за чистење и одржување на каналската мрежа и системите за наводнување се уште нема распишано ниту избрано оператор за снабдување на резервни делови и нафтени деривати, ниту има распишано повик за ангажирање на водари кои што ќе ја одржуваат каналската мрежа.

Нашата програма која што во моментот ја ревидиравме согласно новата ситуација која што се случи во Република Македонија. Сериозен фокус ќе има аграрниот сектор, а тоа значи дека ставаме рака на земјоделците бидејќи тие се нашиот приоритет. Покрај тоа сериозен приоритет ќе има и во делот на водостопанството затоа што сведоци сме дека овие три години имаме тотален колапс. Ние не можеме да зборуваме за зборуваме за рентабилност, за пласман, за преживување на македонскиот земјоделец и неговото семејство ако не обезбедиме вода за наводнување на полињата, вели Трипуновски.

Минатата 2019 година беше една од најлошата година, меѓутоа она што можам да го кажам за жал е дека оваа 2020 година ќе биде уште полоша, бидејќи Акционерското друштво кое што е надлежно за чистење и одржување на каналската мрежа и системите за наводнување од минатата година вработените по неколку месеци немаат земено плата. Акционерското друштво нема распишано ниту избрано оператор за снабдување на резервни делови и нафтени деривати, ниту има распишано повик за ангажирање на водари кои што ќе ја одржуваат каналската мрежа, а сезоната за наводнување е длабоко навлезена во ек. Во моментот градинарите во Росоман се соочуваат со сериозни проблеми, таму системот за наводнување не функционираше, па морав да излезам на терен од таму да повикам, да апелирам па да ја пуштат водата, објасни дополнителниот земник министер Трипуновски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This